| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува истрагата за „Амазон“

amazonЕвропската комисија ја продолжи истрагата за привилегираниот даночен третман на „Амазон“ во Луксембруг, наспроти информациите според кои гигантот ја менува даночната практика.

Комисијата во октомври лани почна детална истрага за поволните даночни услови што му се даваат на „Амазон“ во Луксембург, со пониска стапка на данок на приходи, кои ги остварува во европските држави, а повеќето ги пријавува во Луксембруг.

– Истрагата на Комисијата за државна помош е во тек и ќе продолжи. Ги испитуваме тврдењата дека даночниот договор кој Луксембург го склучил со „Амазон“, може да ѝ овозможи на фирмата селективна предност – изјави портпаролот на Европската комисија, Рикардо Кардозо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top