Регулаторната Комисија за енергетика во понеделник треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Од пресметките кои се направат зависи дали ќе возиме поскап или поевтин бензин. Суровата нафта на светските берзи последната недела бележи благ раст, а доларот ја губи вредноста во однос на денарот.
Со последната одлука Регулаторната комисија за енергетика изврши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 %, односно за 0,24 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 2 декември.
Во моментов на бензинските низ Македонија, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 денари за литар, а еуродизелот се точи за 70 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава за 59 денари а мазутот за 40,733 денари за килограм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.