| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје

коце со наградените

Коце Трајановски со наградените

Град Скопје традиционално пред крајот на календарската година ги избра најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во главниот град на Македонија, а градоначалникот Коце Трајановски денеска свечено им ги додели наградите.

За најдобар пожарникар е прогласен Зоран Павловски, пожарникар-спасител возач на специјалното возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник е Благоја Цоканов, а за најдобар крводарител е прогласен Џеладин М. Јадигар.

Најдобриот полицаец за 2013 година Цоканов, веќе 16 години е вработен  во СВР- Скопје, Единица за јавен ред и мир и интервеции, а во текот на изминатата  година остварил надпросечни резултати и пожртвувано  ги извршувал службените задачи.

Најдобриот пожарникар Павловски, пожарникар-спасител возач на специјално возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во текот на 2013 година учествувал во гаснење на повеќе пожари, односно во над 50 пожари во станбени објеки, околу 30 технички интервенции и во гаснењето на 20  шумски пожари.

Најдобриот крводарител, годинава 4 пати дарувал крв, а  досега, во изминатите години, вкупно 181 пат.  Како долгогодишен крводарител, кој веќе 43 години дарува крв им порача на своите сограѓани да се хумани и да даруваат крв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top