| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Даневски од Драчево има најдобро украсена куќа за Нова година

украсени дворови

Најубаво украсена семејна куќа, од девет пријавени, е таа на Тони Даневски на улица „Ниџе Планина“, број 76, во населба Драчево. Даневски денеска ја доби наградата за најубаво украсена семејна куќа која е дел од манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје 2013“, а ја организира Град Скопје. Наградите за добитниците ги врачи Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени три, ја прогласи терасата на Ѓоко Игњатовски на улица „Жданец“, број 16 А,  во населба Жданец.

Од пријавените три угостителски објекти, тричлената комисија годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „Мартини“ во Лептокарија. За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од четири пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“.

Градоначалникот Трајановски на наградените им врачи парични награди во вредност од 10.000 денари, а ЕВН Македонија еднократно ги ослободи победниците во сите категории, од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за декември 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top