| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: 40 семејства ги нудат своите деца на посвојување на политичарите

Поради тешката економска ситуација, 40 семејства од грчкиот град Алмиро испратија писмо до претседателот Каролос Папуљас, премиерот Андонис Самарас и претседателот на Парламентот, Евангелос Меимаркис, со барање привремено да ги посвојат нивните деца.

Грчките семејства со три деца поради тешката финансиска состојба до највисоките државни службеници упатија писмо со документи од своите деца со барање привремено да ги посвојат нивните деца.

Според грчките медиуми, семејстваат сметаат дека тоа е единствен „разумен чекор“, бидејќи државните службеници, наспроти економската криза, добиле помош од буџетот. Родителите, кои ги подготвиле и сите потребни документи за посвојување, иако со тешко срце, се подготвени на неодредено време старателството над своите деца да го предадат на државните службеници.

Во писмото до грчките политичари се испратени писма со документи на вкупно 120 деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top