| четврток, 6 декември 2018 |

Тајланд: Автобус се преврте во провалија, најмалку 29 загинати

Во сообраќајна несреќа во североистокот на Тајланд загинаа најмалку 29 лица, а четири се потешко повредени откако автобус паднал во провалија, пренесе „Франс прес“.

Несреќата се случила околу полноќ во округот Лом Сак, во покраината Фетчабун.

– Се сомневаме дека возачот на автобусот заспал. Пронајдовме 28 тела во провалијата, која е длабока околу 30 метри, а еден патник почина во болницата – рече командирот на полицијата Сукит Самана.

Тој додаде дека уште четири патници се борат за своите животи, но и дека, според изјавите на очевидец, автобусот пред да се случи несреќата се движел со неприспособена брзина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top