
Грчко-албанската граница од 1 јануари засилено ќе биде набљудувана од вооружените сили на грчката војска, чии единици беа инсталирани таму уште кон средината на септември за да изведуваат вежби за неутрализација на Ослободителната народна армија (УЧK) и Војската за ослободување на Чамерија (УЧЧ), пренесе албанскиот портал „Шќиптарја“.
Неофицијално се тврди дека бројноста на овие албански параединици ја надминува бројката од 5000.
Од грчкото Министерство за одбрана известија дека по последните случувања во Преспа, каде што еден грчки и двајца албански државјани го загубија животот, но и поради проблемите со наркодилерите, официјална Атина решила да испрати војска за набљудување на границата. Извори блиски до грчкото Министерство велат дека воените сили најпрвин ќе бидат дислоцирани во зоната на Преспа, каде што наскоро ќе се отворат две караули, а потоа слични вакви точки ќе се подигнат и долж 600 километри долгата граница меѓу двете земји, пренесува албанскиот портал.
Неделникот „Република“ во последното издание известува дека вежбите на грчките воени сили за брза интервенција почнале на 20 месецов, односно на само една недела пред почетокот на грчкото претседателство со Европската унија, а одржале воена вежба под наслов „Пајрополитис 11/2013“. Вежбата се одржала во Преспа во непосредна близина на границата со Македонија и Албанија. Бил трениран планински десант во кој грчките специјални единици биле придужувани од четири „УХ-1“ хеликоптери и два хеликоптери „апачи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


