
фото: Вијести
Непознато лице активирало експлозивна направа синоќа половина час пред полноќ под прозорецот на канцеларијата на главниот уредник на редакцијата на дневниот весник „Вијести“ во Подгорица.
Во момент на експлозијата уредникот Михајло Јововиќ се наоѓал во канцеларијата, но не е повреден. Во редакцијата имало околу 15 луѓе, меѓу кои нема повредени.
Од силната детонација се демолирани подрумските простории и искршени се стаклата на прозорците во неколку канцеларии.
Порталот на весникот наведува дека безбедносната камера снимила маж во црна јакна како ја поставува експлозивната направа.
Нападот се случи во истиот ден кога Владата на Црна Гора формираше посебна комисија со задача да ја следи работата на државните органи во истраги кои се однесуваат на напади врз медиуми и новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


