| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта го доби најдраматичниот меч сезонава во последната секунда од второто продолжение

pero antic

Атланта хоукс и Перо Антиќ ноќеска ја славеа 16. победа сезонава, а радоста беше уште поголема поради драматичната завршница во која беа потребни дури две продолженија за да се одреди победникот. На повидок беше и трето продолжение, но раката на Тиг не затрепери при шутот во последните моменти пред да се огласи сирената, па така „јастребите“ го добија Кливленд со 127-125.

atlanta klivlend

Најзаслужни за победата на Атланта беа Џеф Тиг со 34 поени и 14 асистенции, Ал Хорфорд со 25 поени, а Милсап и Корвер постигнаа по 20 поени.

Своите пет минути на паркетот Антиќ ги одигра токму во продолженијата кога оствари една асистенција и беше прецизен во единствениот обид за три поени. Перо имаше храброст да преземе одговорност и да шутира на 24 секунди пред крајот на второто продолжение, при резултат 125-125, но, за жал, не погоди. Одбиената топка повторно дојде во рацете на „јастребите“, а конечно Тиг го реши трилер-мечот во своја полза откако топката претходно си поигра со нервите на играчите и целата публика.

Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top