| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски пратеник стана „Македонец“ во Охрид

Пратеникот Петар Мутафџиев од Бугарската Социјалистичка партија и поранешен министер за Транспорт во владата на Сергеј Станишев стана Македонец пренесува порталот  Ohrid News.

Во написот „Македонци од Бугарија во посета на Охрид“, порталот пишува за посетата на наследници на познати Македонци од Охрид и за нивната средба со градоначалникот Александар Петрески.
Во делегацијата на „Македонци“ од Бугарија биле уште и Елизабета Шапкарева правнука на Кузман Шапкарев и Олга Прличева правнука на Григор Прличев кого што бугарските медиуми кои ја пренесуваат информацијата го нарекуваат бугарски преродбеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top