| четврток, 6 декември 2018 |

Јадранот се дигна, Венеција буквално под вода

venice floodВенеција ја поплави плимен бран. Нивото на морето порасна за 115 сантиметри. Прочуениот плоштад Свети Марко е под вода. Италијанската метеоролошка служба велил дека е најголемата поплава во последните 22 година.

Причината е временското пореметување над Британија кој предизвикува лошо време и во поголемиот дел до Европа, вклучително и силните ветришта во Јадранското Море.

venice_1Во Венеција ноќта од средата кон четврток дувал ветерот југо со брзина од 50 километри на час со налети и побрзи од 70 километри на час, со пад на воздушниот притисок од 1022,8 на 991 хектопаскали во последните 48 часа.

Венеција од 1993 до 2002 година беше поплавена педесетина пати, но најголемата е забележана на 4-ти ноември 1966 година, кога водостојот бил194 сантиметри над нивото на морето, а сегашната е најголемата во последните 22 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top