| четврток, 6 декември 2018 |

Еротски фрески во римскиот Колосеум

Фреските се пронајдени во еден од ходниците на Колосеумот

koloseumИталијанските археолози во еден ходник во Колосеумот во Рим откриле фрагменти на фрески со силни бои со прикази на херојски и еротски сцени. Фреските се пронајдени во еден од ходниците на Колосеумот, а фрагментите ја прикажуваат славата на гладијаторите, со ловорови венци, стрели, па дури и со еротски сцени, пишува римскиот весник „Република“.

– Пронајдовме траги на декорации во сина, црвена и зелена боја, изјави Росела Реа, директорка на амфитеатарот, стар 2.000 години.

Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека се пронајдени цртежи на „два големи фалуси“ кои претставуваат „или еротски цртеж или само развратна чкртаница“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top