| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул падна од врвот по поразот од Манчестер сити

Ливерпул го загуби врвот на табелата во англиското првенство по поразот од 1-2 во дербито на 18 рунда од Манчестер сити. Вечерва со тој дуел што се играше во Манчестер се комплетира претпоследното коло од првиот дел во Премиерлигата.

Кутињо во 24 минута му донесе предност на Ливерпул, но „црвените“ од Енфилд Роуд не гхо издржаа притисокот на Сити и со два примени гола до крајот на првото полувреме го загубија мечот. Компани во 31 мин ута и Негредо во 45 минута направија пресврт и донесоа победа и радост за домашниот тим и навивачи.

Манчестер сити сега е втор на табелата со 38 бода, еден помалку од Арсенал. Зад нив е Челси со 37 бода, а во конкуренција за титулата остануваат уште 5 тима, Ливерпул има 36 бода, нивниот градски ривал Евертон е петтопласиран со 34 бода, Њукасл има 33, а Манчестер јунајтед и Тотенхем следат со по 31 бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top