| четврток, 6 декември 2018 |

Утре дождливо со температура до 11 степени

oblaci dozdВремето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни дождови ќе има во јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Снег ќе паѓа само на повисоките планини. Ќе дува и слаб, а во источните делови, умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од седум до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време со слаба утринска магла по котлините. Во сабота утринските температури ќе бидат се уште позитивни, додека во недела во некои места ќе се спуштат под нулата односно ќе се движат од минус три до три, а дневните температури од седум до 14 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top