Материјална штета од околу 480 илјади денари е последицата од пожарот што избувнал ноќеска и зафатил две плевни во тетовското село Порој, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, пожарот избувнал околу 2 часот и 30 минути по полноќ во плевна сопственост на Џ.М. (65).
– Опожарен е покривот на објектот, 600 бали детелина, 100 бали сено, два тона пченка, еден апарат за молзење, како и мотор за наводнување. Огнот ја зафатил и соседната плевна на Е.Б(50), при што изгорел дел од нејзиниот покрив и околу шест тони пченка. Во пожарот нема повредени лица, ниту добиток, а со интервенција на тетовските пожарникари огнот е локализиран. Извршен е увид додека вкупната материјална штета според кажувањето на сопствениците на објектите се проценува на околу 480 илјади денари – изјави Јосифовски.
Се работи на откривање на причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.