| четврток, 6 декември 2018 |

Таксист нашол 300.000 долари и му ги вратил на сопственикот

Еден таксист во Лас Вегас во својот автомобил пронашол торба со 300.000 долари и сите пари му ги вратил на сопственикот.

Откако во една од големиот број коцкарници во градот освоил голема сума, еден среќен, но расеан турист ја заборавил торбата со пари во таксито со кое се возел до хотелот.

Возачот на таксито Херердо Гамоа ја забележал торбата во моментот кога во автомобилот влегувал друг клиент.

– Му реков „вие ќе ми бидете сведок“ и веднаш го повикав диспечерот – раскажа таксистот. Парите ги презела управата на такси службата, која се погрижила да го пронајде сопственикот.

„Заборавениот“ патник побарал да се запознае со чесниот таксист, на кој му ветил награда.

– И ништо да не добијам, нема проблем. Не очекувам награда, го направив тоа затоа што сум чесен човек – рече во изјавата за „Лас Вегас сан“ Херардо, кого такси-службата го прогласи за возач на годината и го награди со 1.000 долари и вечера за двајца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top