| четврток, 6 декември 2018 |

950.000 евра од Труција не се префрлени во кутии за чевли, туку со легален трасфер

evra1

 950.000 евра се префрлени на сметка на Меѓународниот балкански универзитет во Македонија, а не се внесени во кутии за чевли во земјава – тврдат извори од Меѓународниот балкански универзитет во Македонија по денешните обвинувања од страна на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска дека пари од Турција влегле во земјава на сомнителен начин.

Моето прво прашање е поврзано со овој голем скандал што ја тресе Турција и политички и финансиски. Билансот на тој корупциски скандал денеска е Влада што е во процес на реконструкција, три министри, кои, очигледно, поради некаква можна вмешаност дадоа оставка, и меѓу 60 и 70 високи полициски функционери.  Тоа што е интересно е што во Македонија тоа не предизвикува речиси никаква реакција на институциите од страна на државата, а велам изненадувачки, поради тоа што една од земјите што, за жал, се вмешани во скандалот е и Република Македонија. Еден од клучните луѓе на банка што функционира и овде ја имплицира Македонија директно во овој скандал. Имено, директорот на Халкбанк кажа дека од парите што во кутии за чевли биле најдени во неговиот стан, еден милион евра, биле наменети за Македонија, еден милион евра кеш, во кутии за чевли. Страшната информација што излезе во медиумите, беше дека 900.000 евра, веќе на некаков начин успеале да ги префрлат во Македонија. Моето прашање, господине премиер е: Кој е тој начин? И како во нашата држава, практично милион евра, можат од една адреса во Турција, да стигнат на друга адреса, или адреси во Македонија?  – рече потпретседателката на СДСМ на денешната седница во Собранието на која на дневен ред беа пратенички прашања.

Извори од Балканскиот универзитет во Македонија тврдат дека се работи за пари што се легално префрлени во земјата, за кои се платени сите банкарски трансакции и се завардени сите процедури и закони, како за меѓународен трансфер на пари, така и за донации.

Вицепремиерот и министер за финансии на ваквто прашање на Шекеринска одговори:

– Прашањето ви е базирано на изјави и на шпекулации без аргументи, ако имате некои информации за овој случај имате обврска како пратеник да ги пријавите. Во Македонија е законски регулирано колку пари може да се пренесат преку банка, а колку преку граница. Регулиран е трансферот и од банка во банка.Ние ги почитуваме законите.

Инаку, генералниот директор на турската Халкбанк, Сулејман Аслан, кој минатата недела беше уапсен под обвинение дека земал мито, изјави дека парите што биле најдени кај него дома биле донација за Меѓународниот балкански универзитет во Македонија. По ова се обрати и Универзитетот – од денот на неговото основање, сите донации кон МБУ се уредно реализирани, истите се евидентирани во банкарските сметки на МБУ и поминале низ сите законски процедури и под секаков надзор на државните органи, а кои во целото досегашно работење на Меѓународен балкански универзитет констатирале правилно постапување на нашиот Универзитет при извршување на сите законски обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top