| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна акција на Сојузот на студенти по медицина: пакетчиња за децата без родители

По повод новогодишните празници, студентите од Сојузот на студенти по медицина во Република Македонија (MMSA) организираа хуманитарна акција чија главна цел беше собирање новогодишни пакетчиња.  Хуманитарната акција се одвиваше изминатите денови во соработка со супермаркетите „Рамстор“ и „Карфур“, каде што хуманите граѓани имаа можност со по некој производ да дадат придонес во оваа акција. Одзивот на оваа акција беше одличен, со што се докажа дека граѓаните на Скопје се навистина хумани. Собраните пакетчиња ќе им бидат доделени на децата од Заводот за рехабилитација на деца и млади во Чаир, децата без родители од Чичино Село, децата од Ценатарот  за социјални грижи , како и децата на Клиниката за педијатрија и детска хирургија. Придонес на оваа акција дадоа и децата од Работна организација Ј.О.У.Д „Снежана“ – Скопје со изработка на честитки за децата кои ќе ги добијат пакетчињата.

Како завршеток на оваа хуманитарна акција, во соработка со „Синеплекс“, утре напладне е организиран приказ на цртан филм за децата без родители од Чичино Село, децата од Заводот за рехабилитација на деца и млади во Чаир, како и за децата од Центарот за социјални грижи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top