Најтажната новогодишна слика пристигннува од Сомбор, а ја засведочил сомборец кој вчера пошол на риболов. Во канал покрај еден мост Игор Боца наишол на најбездушната депонија – преку 300 празни новогодишни и божикни пакетчиња кои им ги испратиле децата од Германија на своите другарчиња во Србија, биле отврени, испразнети и расфрлани под мостот.
„Некој им ги украл пакетчињата на децата. Срамота! Некои од нив се и за деца со ментални пречки“, напишал Боца под фотографијата што ја објавил на социјалните мрежи.
Тој вели дека го пројавил случајот, но полицијата вели дека ѝ се врзани рацете.
-Откако пријавив, дојдоа полицајци да направат службена белешка. Им раскажав, а кога ги прашав пто ќе направат, ми рекоа: Не можеме ништо, зашто никој не пријавил кражба на пакетчиња. Вака – нема пријава – нема кражба.
Граѓани на Сомбор тврдат дека гледале такви пакетчиња и на пазарите и на тезгите на уличните прерпдавачи, а според нив овие поакетчиња ги дели Друштвото за српско-германско пријателство „Герхард“. Во нив има училиштен прибор, играчки, капчиња и шалчиња…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)