Играчите на Реал Мадрид, Анхел ди Марија и Чаби Алонсо налето сигурно ќе го напуштат клубот.
Веќе нема дилеми, преговорите за продолжување на договорот меѓу клубот и Алонсо пропаднаа. Неговиот договор истекува по завршување на оваа сезона. Играчот барал годишна плата од осум милиони долари, но од клубот одлучиле дека тие пари се премногу. Петгодишната мисија со „кралевите“ ќе заврши за овој искусен играч од средината на теренот. За неговите услуги е најзагреан Милан, кој најави дека следното лето со ангажирањето на неколку искусни фудбалери ќе се обиде да се врати на старите шампионски патеки.
Што се однесува до Ди Марија, тој е осуден да чека шанса од клупата со доаѓањето на Герет Бејл во клубот. Мадриѓаните немаат нисто против да го продадат овој играч и со парите да ангажираат нов напаѓач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)