| четврток, 6 декември 2018 |

Радовишанец казнет поради шверцување текстилна стока

Радовишката полиција поднесе кривична пријава за С.Д.(42) од Радовиш, управител на ДПТУ „Гоалд-Д“ ДООЕЛ-Радовиш, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и прикривање стоки кои се предмет на шверцување и царинска измама.

Кривична пријава заработи и лицето К.Д.(57) за посебни случаи на фалсификување исправа.

Имено, овие две години К.Д. повеќе пати пренесувал нецаринета текстилна стока за потребите на ДПТУ „Гоалд-Д“, а, исто така, во име на фирмата без овластување на управител издал налог и испратница за користење патничко возило за службени работи, додека С.Д. овозможила неовластено користење на печатот на фирмата, притоа овозможувајќи да се легализира текстилната стока, што е предмет на шверцување.

На тој начин сторителите успеале нелегално да стекнат 120.046 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top