| четврток, 6 декември 2018 |

Музичари наплатиле со фалсификувани евра и добиле казна оти работеле со евра

evra

Весела кумановка добила кривична пријава затоа што со фалсификувани евра им платила на музичари што свиреле на семејната веселба, а тие, пак, добиле пријава зашто наплатиле услугата со евра.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за В.М. (50) од с. Агино Село, Кумановско, за сторено кривично дело фалсификување пари и И.М. (41) од Скопје, за сторено кривично дело недозволена наплата и исплата во ефективни странски пари од Законот за девизно работење. Откако, В.М. набавила фалсификувана банкнота од 200 евра во јули 2013 година, по завршување на семејна веселба во кумановски ресторан на И.М., како член од музичка група, за услугата му платила со фалсификуваната банкнота, а истиот ја зел иако не смеел да ја наплати услугата со евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top