Во акција спроведена вчера во охридското село Лескоец, охридската полиција откри и заплени речиси седум илјади парчиња различни пиротехнички средства.
При проверка на магацински простор од кафетеријата „Фул“, сопственост на Љ.Џ.(45), биле откриени петарди во форма на бомби, наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба.
Против Љ.Џ. СВР од Охрид поднесе соодветни кривични пријави за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пред два дена, во две одвоени акции на пазарот во Струга беа запленети вкупно 4.212 различни пиротехнички средства
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.