Британскиот астроном Патрик Мур тврди дека за неколку дена луѓето на Земјата ќе лебдат. Според Мур оваа нус појава ќе биде предизвикана утрото на 4 јануари 2014 година во 9:47 часот според Гринич.
Во тој момент планетата Плутон ќе помине зад Јупитер во однос на нашата планета, што ќе предизвика слабеење на гравитационата сила на Земјата. Тоа до некаде, ќе овозможи луѓето да можат да „лебдат“.
Овој астроном тврди дека ако тој ден во истиот тој час скокнете во воздух, наместо да се приземјите за 0,2 секунди, тоа ќе се случи дури за три секунди.
Како оваа теорија ќе се покаже во пракса, останува прашање уште неколку дена, бидејќи истото било најавено и за април 1976 година, но ништо не се случи. Голема е можноста и овој пат неговите прогнози да не се остварат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.