Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје по втор пат доби донација од фармацевтската компанија „Плива“.
Со донацијата ќе бидат преадаптирани просторот за Кабинетот за централно гравиметриско подготвување на хемотерапија и тотална парентерална исхрана, а ќе биде изградена и централна чекална во амбулантниот дел.
Според директорот на Клиниката, Милан Ристевски, донацијата на „Плива“ е од суштинско значење за оваа институција и за пациентите.
– Се однесува на преадаптација на постоечки простор за Кабинет за централно гравиметриско спремање на хемотерапија и тотална парентерална исхрана, кој во целост ќе ги исполнува ИСО 5 критериумите и QUAPOS стандардите, со целосно вградена процедура на проверка и осигурување на квалитетот на постапката, па така апсолутно ќе се отстрани секаков тип на грешка во однос на дозирањето и спремањето на хемотерапијата и истовремено ќе ги заштити вработените од штетните последици при спремањето на биохазардните лекови, нешто што досега не беше пракса на Клиниката. Исто така, дел од оваа донација се однесува и на изградбата на централна чекална во амбулантскиот дел – досега на Клиниката улогата на чекална ја имаа ходниците, па пациентите имаа минимален број седишта додека чекаат за третман, најголемиот дел од нив, иако со тешко загрозено здравје, поради немањето простор и седишта за чекање беа принудени да стојат во ходниците – изјави Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“