| четврток, 6 декември 2018 |

На патарините во Тетово место фискални давале бели листови

Patarina

Ин­ка­са­то­ри на те­тов­ски­те па­та­ри­ни мес­то да им из­да­ва­ат фис­кал­ни смет­ки за нап­ла­те­на па­та­ри­на, на во­за­чи­те им да­ва­ле бе­ли лив­чи­ња, а парите ги задржувале за себе.Ка­ко што ин­фор­ми­раа од МВР, ста­ну­ва збор за Ј.А. (52) и И.Џ. (45), двај­ца­та од Те­то­во, ин­ка­сан­ти за нап­ла­та на па­та­ри­на во ЈП за др­жав­ни па­тиш­та, за кои се под­не­се­ни кри­вич­ни при­ја­ви за кри­вич­но­то де­ло зло­у­пот­ре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба и ов­лас­ту­ва­ње. Спо­ред по­ли­ци­ја­та, Ј.А., на 24 сеп­тем­ври и на 19 и на 20 ок­том­ври, по­ве­ќе па­ти, при нап­ла­та на па­та­ри­на на пат­нич­ки во­зи­ла, мес­то фис­кал­ни би­ле­ти, да­вал бе­ли лив­чи­ња, а, ис­то та­ка, еден ист фис­ка­лен би­лет кој не бил по­диг­нат, го да­вал на други во­зачи, а па­ри­те од нап­ла­та­та ги за­др­жу­вал за се­бе.
Ис­та­та фин­та ја при­ме­ну­вал и И.Џ. (45) од Те­то­во, не­гов ко­ле­га, кој, ис­то та­ка, бил при­ја­вен од во­за­чи на кои им из­дал бе­ли лив­чи­ња мес­то фис­кал­на смет­ка.
За­се­га сe уш­те не е ут­вр­де­но кол­ку па­ри на ва­ков на­чин ќа­ри­ле ин­ка­сан­ти­те на па­та­ри­на­та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top