| четврток, 6 декември 2018 |

Сколари на клупата на Барселона?

Според пишувањата на португалскиот весник „А Боле“ актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Фелипе Сколари, по завршувањето на Светското првенство би можел да ја преземе екипата на Барселона.

Иако за сега тоа се само гласини, сепак тоа не е невозможно. Во последно време се пишуваше дека Тата Мартино, актуелниот тренер на Барселона, на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото, бидејќи како што пишуваат аргентинските медиуми тој е несреќен во Шпанија.

Сколари по завршувањето на Светското во Бразил ќе ја напушти таа функција, а до тогаш претседателот на Барселона Сандро Лопез ќе се потруди да го ангажира.

Доколку се реализираат овие шпекулации, на Сколари Барселона ќе му биде 20. клуб во неговата тренерска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top