Во охридскиот хотел „Бренд“ утрово околу 2 часот се случил пожар, а гостите биле евакуирани, пишува порталот „Охридент“. Како што пишува порталот, огнената стихија ги зафатила рецепцијата и кујната.
Поради густиот чад и пламените јазици, имало и евакуација на неколкумина гости кои престојувале во хотелот. Противпожарната единица на Охрид веднаш интервенирала. Оттаму за „Охридет“ велат дека гаснењетто на пожарот траело два и пол часа. Учествувале две противпожарни возила и осум пожарникари. Според првичните информации, нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.