Противпожарната служба во Грција ги истражува причините за силниот пожар во кој речиси целосно изгоре фабрика за производство на млечни производи „Кри-кри“ во северниот град Сер, пишува „Катимерини“.
Оваа фабрика ги продава своите производи и во Македонија.
Сите вработени што биле на работа во моментот на инцидентот успешно биле евакуирани. Пожарот ги уништи објектите за обработка и за чување на млечни производи во фабриката, која е еден од главните работодавци во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.