| четврток, 6 декември 2018 |

Костените пред Бадник и до 160 денари за еден килограм

kosteni

Цената на костените во деновите пред божикните празници на скопските пазари и маркетите достигнуваат рекордна цена, пишува „Нова Македонија“. Цената е енормно висока, а допрва ќе се зголемува пред празниците.

„Денеска на зелените пазари во Скопје еден килограм костени се продаваше за повеќе од 150 денари, а во дел од големите маркети во градот цената изнесуваше 162 денари. Но оваа цена, како што велат трговците, важи само за денеска или утре. За деновите пред Нова година и божикните празници најавуваат нов пораст на цените на костените. Еден килограм костени минатиот викенд се продаваше за 120 денари, а веќе за една недела порасна за 40 денари по килограм“, пишува „Нова Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top