Мирела Микулчиќ, мајката на трите настрадани деца во пожарот, пред обвинителот изјавила дека на трагичната вечер ги оставила децата само накратко бидејќи излегла да купи сок.
Мајката на Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2), кои на 16 декември настрадаа во стравотен пожар во Велика Крсна, ја сослуша обвинител од Вишиот суд. Нејзината приказна пред обвинителот се разликува во однос на таа што ја даде по пожарот и што беше објавена во медиумите. Сослушувањето траело долго бидејќи Мирела речиси без престан плачела и липала.
– Маја ми бараше сок. Беше жедна, сакаше детето да се напие. Отидов до продавници и ја заклучив вратата. Немав намера да ги оставам подолго. Лежеа на креветот, им реков дека брзо се враќам. Но, џабе, се изгоре за 10 минути – низ плач пред обвинителот раскажа Мирела и постојано повторувала „подобро е да сум мртва“ и „нема живот за мене“.
Се колнам дека никогаш подолго не сум ги оставала сами, туку кај соседите, еве запишете ги нивните имиња. Кога излегував накратко, ги заклучував. Тоа е вистина. Но секоја мајка барем некогаш ги остава сами децата. Сакав на Маја да ѝ ја исполнам желбата и брзо да се вратам дома – плачеше Мирела.
Мирела беше приведена три дена по пожарот, по што ѝ беше одреден притвор од 48 часа. Кога ѝ истече таа мерка, притворот ѝ е продолжен до 30 дена и ѝ истекува на 19 јануари. Осомничена е за предизвикување општа опасност поради што може да биде осудена на 8 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.