Во текот на изминатите 24 часа на територијата на градот Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета и една со последица телесни повреди во која со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет европскиот извештај.
Вчера беа санкционирани 11 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта и 14 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на пешачките премини или во зона на крстосница.
Во оваа насока се користеше и специјалното возило „пајак“, при што се отстранети 35 возила кои биле непрописно паркирани.
Меѓу останатото, преземени се мерки и по некои потешки прекршоци од кои четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шестмина возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и деветмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Во рамки на превентивните активности Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе реализира сообраќајна поука која ќе се одржи во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани ученици во сообраќајот кои непрописно ги запреле и паркирале возилата.
За денеска нема најави за вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и во согласност со постојната регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил