Актуелниот шампион Мајами хит синоќа ја оствари шестата едноподруго победа совладувајќи го ЛА Лејкерс со 101-95 во божикната ноќ.
Најзаслужен за победата беше Двејн Вејд со 23 поени, седум асистенции, шест скока и две украдени топки. Вејд го следеше Крис Бош со 23 поени и 11 скока, додека Леброн Џејсм постигна 19 поени и осум скока.
Најдобри во тимот на лејкерси беа повторно резервистот Ник Јанг со 20 поени, додека Џоди Микс постигна 17 поени.
Чикаго како гостин ја совлада екипата на Бруклин и така ги доведе до 19. пораз.
Најефикасен во победничкиот тим беше Таџ Гибсон со 20 поени и 8 скока, Батлер даде 15, а Бузер 14 поени. Кај домаќините малку беа расположени за игра, па така Дерон Вилијамс постигна 18 поени, додека, пак, Телетовиќ натпреварот го заврши со 17 поени.
Резултати:
Бруклин – Чикаго 78-95
Њујорк – Оклахома 94-123
ЛА Лејкерс – Мајами 95-101
Сан Антонио – Хјустон 98-111
Голден Стејт – ЛА Клиперс 105-103
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.