
Царинската управа и Управата за јавни приходи воспоставија нов ИТ систем со кој се олеснуваат постапките за поврат на ДДВ за увоз на стока. Тоа значи дека отсега компаниите повеќе нема да мораат во Управата за јавни приходи да ги доставуваат документите за увоз на стока во постапките за поврат на ДДВ.
Досега од компаниите се бараше одредени документи издадени од Царината да ги достават во хартиена форма до УЈП, но со новиот систем даночниците ќе можат да ги следат податоците од тековните системи на Царинската управа за одобрено одложено плаќање на ДДВ, за извршен увоз и извоз, од Единствен царински документ, за список на Единствен царински документ (ЕЦД) и за регистриран излез на стоки од државата.
Податоците добиени преку електронската размена со царинските власти, УЈП ќе ги користи при утврдување, наплата и поврат на ДДВ, во постапката на канцелариска и инспекциска контрола кај даночни обврзници и при водење на посебни постапки, утвдување на ризици, анализа на податоци за потреби на менаџерски извештаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


