Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, денеска ги пуштија во употреба двата локални патни правци, едниот до селото Требовле од околу 4,5 километри и другиот до селото Зркле од 1,5 километри. Двата патни правци се изградени со пари од владината програма за локални патишта.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, изјави дека годинава завршува со изградена и обновена локална патна инфраструктура во земјава од 144 километри.
– Идната година ќе се доизградат уште 70 километри, а програмата за локалната патна мрежа во земјава се заокружува со 2015 година. Наредната година ќе биде посветена на изградбата на автопатиштата во Македонија. Ќе почне изградбата на два нови автопатишта: Скопје-Штип и Кичево-Охрид, ќе продолжи изградбата на делницата на автопатот Демир Капија до Смоквица – изјави Јанакиески.
Никогаш досега, додаде тој, во една година не се граделе три автопати.
– Освен тоа, подготвуваме нов пакет за изградба на патишта со владиниот економски тим. Досега се консултирани неколку меѓународни финансиски институции – изјави министерот.
Програмата за изградбата на локалната и регионалната патна мрежа во земјава, што се заокружува во 2015 година, изнесува 150 милиони евра.
Изградбата на овие локални патишта, според градоначалникот Војнески, е од големо значење за Општината, посебно патот до селото Требовле, кој чини 22 милиони денари за развој на ловниот и селскиот туризам зашто ова населено место се граничи со националниот парк „Јасен“.
Со средства од Владата годинава во Македонски Брод се изградени четири локални патишта во вкупна должина од девет километри.
Досега Општината од владината програма за локални патишта искористи еден милион и двесте илјади евра, а в година ќе добие уште 700.000 евра, со што 90 насто од вкупно 250 километри локална патна мрежа ќе биде изградена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево