| четврток, 6 декември 2018 |

„Стар“: Кејт Мидлтон чека второ дете

Британскиот магазин „Стар“ тврди дека сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, е бремена со второ дете.

Според магазинот, неодамна на еден прием Кејт цела вечер се држела за стомакот, по што анонимни извори потврдиле дека таа е во блажена состојба.

Истите извори изјавиле дека Вилијам и Кејт сакаат нивото второ дете да биде ќерка бидејќи сметаат дека би било добро нивниот син Џорџ да има помала сестра.

„Стар“ тврди дека Кејт е во третиот месец од бременоста и дека целото кралско семејство е одушевено од доаѓањето на новото бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top