На девојчето Тајлон Дејвис која боледува од рак на коските, Бијонсе на нејзиниот концерт во Лас Вегас и ја исполни желбата, односно во нејзина чест ја испеа песната „Survivor“.
Пејачката во соработка со фондацијата „Замисли си желба (Make a Wish)“ ја изведе песната „Survivor“ за Тајлон која беше и повеќе од воодушевена бидејќи пејачката дошла до неа, ја гушнала и ја бакнала.
Бијонсе пред изведувањето на песната ги повикала Тајлон и нејзината мајка па потоа заедно запеале. За малата Тајлон ова било остварување на сонот.
– Ја прашав мајка ми дали е ова вистина? Бијонсе зборуваше со мене и играше. Се тресев и бев многу нервозна – рече Тајлон која не можеше да ги сокрие солзите радосници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


