| четврток, 6 декември 2018 |

Најдоброто време за запросување е сега

Вистинско време е за романтично запросување...

…барем така мислат поголемиот дел од мажите кои учествувале во истражувањето на веб-страницата „Chillisauce.com“. За нив, Божик и зимските празници се најдоброто време за да се постави најважното прашање.

Исто така, сѐ уште сметаат дека тоа е „машка“ работа. Речиси 65 проценти од членовите на посилниот пол кои се пријавиле, изјавиле дека во случај девојката да ги запроси би рекле „не“.

Според истата анкета, жените сакаат поедноставен ангажман и по можност барање на раката без голема помпа, а за речиси три четвртини од испитаните девојки, во ред е ако се прекине врската токму на Божик, кога ќе сфатат дека тоа не е тоа.

За девојките идеално време за да ја побараат за жена е:

1. Денот на вљубените
2. Годишнината
3. Бадник
4. Божик
5. Стара Нова година
6. Нова година
7. Неговиот роденден
8. Нејзиниот роденден
9. Ноќта на вештерките

За мажите идеално време да ја запросат е:

1. Бадник
2. Денот на вљубените
3. Годишнината
4. Ноќта на вештерките.
5. Божик
6. Стара Нова година
7. Нова Година
8. Неговиот роденден
9. Нејзиниот роденден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top