| четврток, 6 декември 2018 |

Најзначајните музички моменти во 2013 година низ фотографии

Одбравме пет моменти за кои се зборуваше со денови, недели, месеци...

5. Слика која ретко се гледа и момент кој ретко се доживува. Две сестри и две вонсериски пејачки, Тамара и Тијана, во еден од ретките моменти кога запеаја заедно. Помладата, Тамара годинава имаше одличен концерт во скопската дискотека „Колосеум“, а пристигнувајќи директно од Белград, постарата, Тијана, и овојпат не пропушти да ѝ даде поддршка на својата сестра.

tamara3

4. Можеби немаше пеење, но во „Танц со ѕвездите“ постојано имаше музика. Првата сезона на популарното шоу ги освои симпатиите на македонската публика, која со нетрпение очкува какви сѐ потези ќе бидат прикажани оваа година. Меѓу сите „уау“ моменти и танц-потези на ѕвездите и партнерите, мора да се издвои барем еден од оној на ултразгодната Марјана Станојковска и менторот Илија Карадаковски. Стриптизот победи.

marjana15

3. Игор Џамбазов очекувано го преполни целиот спортски центар „Борис Трајковски“. Да не беше толку ладно, несомнено ќе наполнеше и стадион. Тешко е да се одбере еден момент од четири незаборавни часа. Оној кој се најде на нашата листа е песната  испеана во чест на прерано починатиот музичар Душан Љубисављевиќ, од страна на Игор и Николче Јанков, вториот дел од дуото „Дуле и Коки“.

Dzambazov i priatelite01

2. Можеби повеќе се зборуваше за кошулата на Диме, настапот на Тамара или фустанот со Богородица на Елена, но победата на Ламбе и наградата од 20.000 евра, дефинитивно, е моментот по кој најмногу ќе се памети овогодишното издание на „Скопски фестивал“.

lambe

1. Претставувањето на „Империја“. Доволно кажано.

esma i lozano


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top