| четврток, 6 декември 2018 |

Историско четврт-финале за Металург, црвено-црн вулкан во Скопје, Антиќ во НБА…., спорт на „Република“ во 2013 година

Металург против Кјелце во историско четврт-финале во Лигата на шампионите за ракометна екипа од Македонија, црвено-црн вулкан во Скопје го однесе Вардар до реми против моќната Барселона, Перо Антиќ прв Македонец во НБА, Кирил Лазаров потпиша за Барселона, Лекиќ и Радичевиќ екстра-засилиувања за вардарки, Атланта хоукс си ја призна грешката и уште стотина наслови и текстови на порталот на „Република“ го привлекоа вниманието на симпатизерите на спортот.

Еве дел од најчитаните содржини од спорт на најдобриот портал за 2013 година

И големците во светот на ракометот се поклонија во Скопје величејќи ја прекрасната атмосфера на дуелите од ЛШ, чии домаќини беа Вардар и Металург. Моќните Барселона и Пари Сен Жермен во три гостувања не успеаја да победат во нашиот главен град.

На веб-сајтот на ПСЖ, кој е најскап ракометен проект во историјата на Лигата на шампионите, пишуваше: Вулканот на Вардаровите навивачи како филм од Холивуд“

vardar-metalurg-38

Во центарот на вниманието беше и Перо Антиќ, првиот македонски кошаркар што потпиша договор со тим од НБА. Атланта хоукс го ангажираше крилниот центар, а џентлментскиот потег на популарните „јастреби“ кога на реакција на македонските фанови ја коригираа погрешната информација дека Перо е од Грција, предизвика голем интерес.

„Така реагираат големите, Атланта ја призна грешката, Перо Антиќ е од Македонија“

pero antic protiv grizliz

Од меѓународниот спорт секогаш е актулена Барселона, еден од најдобрите фудбалски состави на планетата. Овојпат најважната споредна работа на светот и гламурот беа едно, а веста дека Чави се ожени и кој сѐ беше присутен на свадбата на ѕвездата на Каталонците, предизвика големо внимание.

„Чави се ожени, на свадбата блескаа ѕвездите на Барселона“

chavi

Во фокусот кај нас беше и Металург со историското четврт-финале во Лигата на ракометните шампиони. Последните денови од април годинава беа во знак на „сината боја“, а треска ги тресеше Скопје и Македонија пред двомечот на Металург со Кјелце.

Интервјуто со Ренато Вугринец пред двомечот со полскиот состав беше една од најчитаните содржини.

„Словенечки шармер што гарантира успех“

Renato-Vugrinec-1

Нешто и од таканаречените мали спортови што беше во фокусот на вниманието и предизвика голем интерес кај читателите на „Република“ и воопшто во Македонија. Легендарниот ултимејт-фајт борач Рико Родригес приреди спектакл во Скопје, а настрада Гркот Бацелас.

„Рико ја запали публиката во Скопје, настрада Гркот Бацелас“

riko

Ова е само мал опус од спортските содржини што „Република“ ги понуди на својот портал и во неделникот во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top