| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот претседател ги измеша Божик и Велигден

bujar nishani

Албанскиот претседател Бујар Нишани упати честитка до сите Албанци од христијанска вероисповед по повод божикните празници,  но место за Божик зборуваше за Велигден.

Во неговата честитка Нишани зборува за воскреснување на Христос, а не за неговото раѓање.

Гафот на претседателот оди понатаму кога вели дека Божик е празник на воскресението.

– Честит Божик. Честит светиот ден на воскреснувањето. Божик, кој е ден на воскреснувањето претставува празник на трпение, благосостоја, разбирање, доближување, помирување, мир, разубавување и богатство на животот – пишува Нишани во честитката.

Сличен гаф лани направи и косовската претседателка Атифете Јахјага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top