| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети илјадници петарди во Скопје, Битола, Струга, Македонски Брод и во Драчево

petardi-struga

Во пет одвоени акции ви исто толку града, полицијата запленила илјадници петарди. Сепак, насекаде се продаваат петарди.

МВР ги соопшти последните заплени

На 23.12.2013 година, во Битола, на ул. „Карпош“, од страна на полицијата е извршен претрес во домот на З.Ц.(42), од каде што се одземени 924 парчиња петарди и еден сигнален пиштол „зораки“ кал. 9 мм., а од Ц.Т.(40) од Битола, која била затечена во домот на З.Ц., се одземени 100 парчиња петарди. По документирање на случајот, за лицата ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.

На 24.12.2013 година, на градскиот пазар во Струга, извршена е контрола и од магацините во сопственост на Т.Ш.(40) се одземени 3.640 парчиња петарди, а од тезга сопственост на Б.А.(58) од Струга се одземени 572 парчиња петарди. По документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.

На 21.12.2013 година, во Македонски Брод од И.К.(15) од Македонски Брод се одземени 157 парчиња петарди, а од В.Ѓ. се одземени 100 парчиња петарди. По документирање на случајот, за лицата ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.

На 24.12.2013 година на пазарот во Драчево при продажба на петарди затечено е лицето Ј.С.(40) и од него се одземени шест кутии со по 60 петарди „мали пират“ и 66 парчиња разни видови петарди или вкупно 426 парчиња петарди.

На 24.12.2013 година на бул.„Крсте Мисирков“ од страна на полициски службеници при преглед на возило„опел вектра“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Р.(31) и сопатник С.С.(31) на задното седиште и во просторот за багаж се пронајдени и одземени седум пакети и една црна кеса со вкупно 24.900 парчиња различни видови петарди сопственост на сопатникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top