| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 27.500 евра од скопска куќа

Непознат сторител вчера на ул. „Ордан Чопела“ во Скопје, извршил тешка кражба во куќата на триесет и петгодишниот Р.Н., информираат од МВР.

Според полицијата, од куќата се одземени 25.000 евра, 150.000 денари и златник стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.700.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top