| четврток, 6 декември 2018 |

Меси ќе биде најплатениот фудбалер на светот

И покрај некои несогласувања со поединечните членови на Барселона, Лео Меси, сепак, ќе добие нов подобрен договор со Каталонците, според кој тој ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

Потпретседателот на Барселона Жосе Марија Бартомеу им ја соопшти веста на медиумите дека наскоро Меси ќе го стави потписот на новиот договор и додаде дека најдобриот фудбалер заслужува и да биде најплатен.

Интересно е тоа дека Меси актуелниот договор го потпиша пред само 10 месеци, односно во февруари оваа година, но неговото барање да добие подобри услови го поттикнало тоа што Реал му ја зголеми платата на Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top