Можеби не му дозволија да настапува за македонската репрезентација на Европското првенство во Данска, но тоа не значи дека нема да продолжиме да уживаме во играта на Ренато Вугринец.
Словенечкиот ракометар, а сега и новопечен Македонец, ја освои македонската публика колку со својата вонсериски добра игра толку и со неговиот вонсериски добар изглед.
Десниот бек на Металург убедливо победи на анкетата на „Република“ за маж(иште) на годината. Тој освои 498 гласа, од вкупно 2.246.
Висок 191 сантиметар, а тежок 100 килограми, овој 38-годишен татко на три деца беше еден од најинтересните спортисти и личности на годината.
Со огромен успех во своето поле, а со помалку гласови во оваа анкета, првиот Макаедонец во НБА, Перо Антиќ, се најде на второто место, освојувајќи 16 проценти од гласовите.
Веднаш до него, со само неколку гласа помалку, се најде и Дарко Лешоски, феноменот од Вевчани кој ја искара македонската јавност, не со политика и со пари, туку со својата поезија.
Погледнете ги сите резултати, а гласајте и на новата анкета.
[poll id=”77″]
Со новата анкета ја избираме личноста на годината
[poll id=”78″]
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот пресуди: Минчо Јорданов мора да му плати на Ренато Вугринец
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција














