
Последниот Самит на Светската туристичка организација, што се одржа во Есторил, Португалија беше посветен на медиумите и нивната соработка со туризмот како област, но пред се на влијанието што мас медиумите денес го имаат во развојот на туризмот како идустриска гранка воопшто. Интерсно е по кој знае кој пат да се слушне дека медиумите се главната алатка без која не може да се промовира, потикне или реализира ниту еден проект на било која компанија, да се развие одредена индустрија, или, пак да се промовира една земја во било која област, вклучителчно и во туризмот. Практично на овој Самит уште еднаш беше потврдена потребата од медиумите за промоцијата на туризмот како гранка на индустријата, но и за големувањето и подигањето на економијата на секоја земја, која сериозно води грижа за развој на туризмот, а со тоа и за економијата.
Сето ова го потврди Државниот секретар за туризам на Португалија г-динAdolfoMesquintaNunes, кој како соодветен пример за тоа како медиумите можат сериозно да променат одредена слика за нешто во позитивна или, пак негативна конотација го истакна градење на јавно приватно партнерство на агенциите со државата во сегментот на туризмот, што е клуч за решавање на економските проблеми на Португалија, која како и останатите е сериозно зафатена од економската рецесија. Трансформацијата на португалскиот туризам со подигнување на квалитетот на понудата проследен со сериозна медиумска кампања, тој ги оцени како императив и за периодот што следи поради, како што рече, докажаната добитна комбинација од кои секојдневната португалска економија добива само позитивен импакт. Објаснувајќи ја улогата на медиумите г-дин Нунес, појасни дека португалската држава за да му помогне на туристичкиот сектор комплетно ја променила стратегијата во пристап, со тоа што акцентот го ставила кон промоција наПортугалија, како дестинација за вински, но и за туризам на луксузни вили, со што ја збогатила понудата на државата во целост.
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА UNWTOTАЛЕВ RIFAI СО ПРЕПОРАРАКИ ЗА НОВАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО МЕДИУМИТЕ
Претседателот на Светската туристичка организација, како стратешко го оцени партнерството на оваа организација-UNWTOсо CNN, при што ги нагласи придобивките за светскиот туризам од сето тоа, кои како што рече преставуваат добитна комбинација и спој на туризмот и медиумите. Сепак, како најинтересен детал од неговото излагање беше елаборацијата, за како што рече двете револуции кои секојдневно незабележливо му се случуваат на светот, односнио ИТ развојот и патувањата. За него новата формулација на зборот медиуми од денешен аспект се новите смарт фонови, социјалните мрежи и сите секојдневни персонални можности за комуникација. Од друга страна пласирајќи го податокот дека само за пет години бројот на патувања во однос на совладани дестинации поголеми од 1.000 километри е аксептиран од 7 проценти од светската популација, веднаш само по себе ја оправда тезата за новите две светски револуции. Самиот нагласи дека како ИТ технологијата можноста за брза комуникација така и патувањата од самиот него направиле личност со отворени сваќања кон светот, зголемени можности за прогресивно размислување, осознавање на самиот себе, како и градење на среќна личност.
ЗА УРЕДНИКОТ НА CNN NINA DOS SANTOS НЕОПХОДНО Е ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ТУРИЗМОТ И МЕДИУМИТЕ
Посебно обраќање имаше и Nina dos Santos од CNN internacional која ги изнесе согледувањата и искуствата на самиот медиум од соработката со туризмот, базирана на основа на прогресивни иновации и делувања, каде на одредени региони посебно затекнати понекогаш и од природни несреќи, може да се најде добар начин и правец како да се помогне, а од друга страна и да се трасира патот за развој на целокупните подрачја. За неа туризмот е оној кој е основен за економијата односно сегмент на индустријата, која ги спасува државите. Споделувањето на информации со новинарите, презентацијата на туристичките дестинации и личното споделување на социјалните мрежи за неа прставува економска инјекција, и нов начин на кампања за економска издржливост. Неоходноста на партерството помеѓу туризмот и медиумите, рече таа, е основна алатка за економски раст на која асистенција треба да дадат визните либерализации и секако прогресот на ИТ технологијата која во моментов со 55% од корисниците преку социјалните мрежи завзема примарно место во потикот на туризмот. Во исто време, ја изрази неопходноста на користењето на апликации за промоција кон што се стреми и самиот CNN,што само по себе го поставува како примарна слика на светот.
На Конференцијата на непосреден начин беше истакната неоспорната потреба од трансфер на брза информација, по што Ana Torres Pereira, новинар од Португалија, Dinda Elliott од USA, Gabriela Gonzalez, проект менаџер од Deutsche Welle, Ricardo Silva и Rosana Harmann, персонал блогер од Бразил ги истакнаа новините во градењето на веб сајтови директно поврзани со социјалните мрежи блогови и апликации кои даваат најбрз трансвер на информација како никогаш до сега, што сегментот на вака развиениот тип на медиуми останува императив за туризмот, кој е директно зависен од ваквата структура.
Од друга страна пак, Anita Escurin Nieto Social Media Menager NH Hotels Spain, Carlos Paulo, Industry Head Travel, Google, Portugal, Martin Fontana faunder & president Box Multimedia, Uruguay/Usa, се осврнаа на искуствата со кои располагаат, при што заклчучија дека луѓето се помалку им веруваат на маркетиншките кампањи, а својот став го градат на искуството споделено од некој друг. Сето ова, како што рекоа, го менува светот на медиумите, а со тоа и правецот на развојот на целата туристичка индустрија, која е потребно да се насочи кон подигнување на квалитетот, поткрепен со можностите на современите медиуми како фејсбук, твитер, инстаграм и секако блоговите кои се занимаваат со оваа проблематика.
УТМС НА СРЕДБИ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА UNWTOTalebRifai И УРЕДНИКОТ НА СNNInternacional – NinaSantos
На маргините на овој Конгрес во неформалниот дел, делегацијата на Универзитетот за туризам и менаџмент реализира средбата со познатиот новинар и уредник на CNNInternacional – NinaSantos, со која разговаравме за Република Македонија.
Нашето прашање за тоа како гледа на активностите на Владата на Република Македонија за рекламирање на нашата држава на CNN испровоцира многу позитивна реакција и одушевеност со оценка дека многу поразвиени држави во туристичкиот бизнис не реализираат ваков развоен проект. Истовремено потенцирајки ја потребата од подршка на невладиниот сектор за постигнување на што подобри резултати, од страна на госпоѓата Santos беше истакнат интересот за отварање на можноста за нејзина соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент, токму во доменот на медиумите и туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


