
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, е избран за најдобар светски фудбалер во 2013 година, во изборот на британскиот весник „Гардијан“.
Зад Аргентинецот на листата од 100 најдобри играчи во годината која завршува очекувано се најде фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Треторангиран е напаѓачот на Париз Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ, а по него следува францускиот репрезентативец Франк Рибери од редовите на актуелниот европски и светски првак Баерн Минхен.
Покрај Лионел Мести уште тројца фудбалери на Барселона се меѓу десетте најдобри, а редоследно од петтото до десеттото место изборот на „Гардијан“ е: Андрес Иниеста и Нејмар (Барселона), Герет Бејл (Реал Мадрид), Чави (Барселона), Луиз Суарез (Ливерпул) и Кун Агуеро (Манчестер сити).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


