| четврток, 6 декември 2018 |

Единасетте најдобри според „Газета дело спорт“

Cristiano-Ronaldo
Влијателниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“ го направи својот избор за најдобар фудбалски тим во светот за 2013 година.

Најмногу, петмина, фудбалери има од редовите на актуелниот европски шампион Баерн Минхен, но за новинарите од „Газета дело спорт“, меѓу единаесетмината нема место на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој заедно со Кристијано Роналдо се главните претенденти на ФИФА за најдобар фудбалер на годината.

Во изборот на „Газета дело спорт“ се: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Филип Лам (Баерн Минхен), Невен Суботиќ (Борусија Дортмунд), Тијаго Силва (ПСЖ), Давид Алаба (Баерн Минхен), Бастијан Шванштајгер (Баерн Минхен), Илкан Гундоган (Борусија Дортмунд), Еден Азар (Челзи), Франк Рибери (Баерн Минхен), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top