| четврток, 6 декември 2018 |

Африканските деца- жртви на Холивуд

Таша де Васконселос со Баросо во ЕК

Таша де Васконселос со Баросо во ЕК

„Секој ден дел од мене плаче бидејќи не сум таму од каде сум родена. Затоа знам дека не смеете да однесете дете од Африка. Ако сакате да им помогнете, помогнете им во нивната татковина“, го пренесе британскиот Индепендент повикот на Таша де Васконселос, сега Канаѓанка во Лондон која на 10 години со семејството избегала од војната во Мозамбик.
Нејзината доброволна фондација Амор изгради клиника во Малави и го крена гласот против усвојувањето на деца од Африка, тренд на американскиот џет- сет. Богатите наместо да ги фрлаат парите, треба да се ангажираат за конкретни работи во рамки на системот.

Фондацијата на Мадона за Малави

Фондацијата на Мадона за Малави

Поранешната манекенка за Индепендент вели „Знам што значи да се остават сите блиски, семејствата и земјата која ја сакаш. Затоа сум против усвојување на деца од Африка и обидот да се вклучат во холивудскиот стил на живот, онака како тоа го прават Мадона или Анџелина Џоли. Двете не можат да разберат што значи да се биде од Африка.“
Заедно со дел од официјални лица од Малави ја обвинија оргнизацијата „Градење на Малави“ на Мадона дека место најавените 10 училишта, изградиле само 10 училници.
Агентите на Мадона ги отфрлија сите наводи, додавајќи дека „децата на Мадона имаат среќно детство“,пренесува Индепендент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top