| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски со честитка за католичкиот Божик

Премиерот Никола Груевски, по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, упати честитка до верниците од католичка вероисповед.

– Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и заемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои нѐ обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божик се слави раѓањето како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж – се вели во честитката.

Овој празник, се истакнува, е уште една можност да се потсетиме на вредностите на богоугодниот пат, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, да владее мир и хармонија, да владее соработка и почитување, да ги негуваме семејните и традиционалните вредности, да шириме радост, љубов и добрини.

– Таа верба нека нѐ води и понатаму во нашиот личен живот, но и во нашата општествена улога да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани – стои во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top